Нов инцидент со подметнат оган во зградата на улица Никола Карев во близина на скопската Автобуска станица. Станува збор за лице кое живее сам и во стан во зграда собира отпад којшто повремено го пали.
Денеска повторно имал сличен пожар по што била повикана пожарникарската служба. На терен се три противпожарни возила, објави Фокус.
Пожарот е изгаснат, а од противпожарната бригада Скопје за Телма информираа дека само ова година денешниот е трет сличен инцидент со подметнат оган во станот на лицето, во населба Пролет.
По интервенцијата, пожарникарите ја известиле и социјалната служба за да преземе мерки и му пружи помош на лицето.
Во пожарот нема повредени станари.