Сопиште ќе добие трговски центар дневен центар за деца со посебни потреби, најави Стефче Трпковски, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Сопиште.
„Ова се дел од проектите за следниот мандат, почнуваме со изградба на трговски центар. Сопиште ќе добие дневен центар за деца со посебни потреби, нови возила за потребите на ЈКП Сопиште за собирање и транспорт на смет.
Продолжуваме со уште поголема динамика со асфалтирање на локални улици, до сега имаме проекти за 27 улици и оваа бројка ќе се зголемува. Нови резервоари за вода во населените места Сопиште и Добри Дол“ – истакна тој.