петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Улица во Дебар Маало со месеци не исчистена (ФОТО)

Улица во Дебар Маало со месеци не исчистена (ФОТО)

И покрај уригирњето кај надлежните, а и кај самиот градоначалник Горан Герсимовски, Општина Центар се уште не ги исчила улиците во Дебар Маало.

Како што велат револтирани граѓани, кои што живеат во овој дел на општина Центар, иако уште во месец декември било побарано од општината истите да ги исчисти, и по два месеци од тоа нема ништо.

-Крајно непримерено е, ама од декември молам за да се исчисти, па да Ве известам доколку истото не е направено неделава сликиве ќе ги испратам по сите медиуми. Искрено, немам никаква намера да живеам во кал, прашина и „ризли“, реагира револтиран граѓанин.

Како што вели тој, од страна на надлежните бил убедуван дека улиците се исчистени иако живее на самата улица.

-Најпрво, бев убедуван дека е чисто (со „одговорно тврдење“) иако живеам на улицава. Потоа бев замолен да сликам, затоа што сум правел проблем од ништо и, претпоставувам, затоа што некој можеби и мисли дека од хоби пишувам мејлови со молби до општина да зачисти каде што чистење е потребно. По небулозата со сликањето, ми беше речено дека се „само ризли“, што тоа и да значи. Не е исчистено, не е ни почнато. Претпоставувам ќе излезе дека некој за нешто не е одговорен, вели тој.

Во продолжение фотографии кои што пристигнаа до нашата редакција: