петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во Гази Баба го посети Домот за стари лица Руски

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во Гази Баба го посети Домот за стари лица Руски

Заедно со жените од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во Гази Баба, утрово бевме во новогодишна посета на Домот за стари лица Руски кои се наоѓа на територија на општина Гази Баба, информираше преку Фејсбук статус претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска.

– Возрасните, нашите предци се оние кои не создале и одгледале за денес да бидеме ова што сме и тоа не смееме да го заборавиме. Среќна сум што со нашето малку, на корисниците во домот им го направивме денот и престојните празници повесели, додава таа во својата објава.