Коментарите на социјалните мрежи со денови апелираат да се спречи урбаната мафија која масовно го нападна Карпош кој во минатото важеше за зелена општина.
Граѓаните незадоволни од општинските власти на чие чело е Стефан Богоев секојдневно фотографираат уништени паркови каде никнуваат нови згради во општината.
Жителите од Тафталиџе во близина на пожарната овие денови апелираат до властите да прекинат со урбаната мафија која буквално го уништи целото зеленило во општината.
-Ордите на урбаната мафија ги запоседнуваат и последните зелени остатоци во градот! (Пред пожарната во Тафталиџе), е само дел од коментарите од револтираните граѓани на Карпош.
-Карпош е катастрофа, урбана мафија и паркинг, стои во друг коментар.
Инаку градоначалникот Богоев очигледно не го интересираат полните контејнери, кучињата скитници и улиците со дупки, освен зделките со урбаната мафија, се само дел од коментарите на жителите од оваа општина на социјалните мрежи.