понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Утре неделен возен ред за јавниот превоз

Утре неделен возен ред за јавниот превоз

ЈСП Скопје информира дека утре, четврток поради верскиот празник Богојавление (Водици), јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред.

Исклучок ќе бидат линиите 18А, 32, 47А, 51, 55, 55В, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180, кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.

Дежурни од 6 до 13.30 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар, Зелен пазар и билетарницата во Ѓорче Петров.

Жичарницата ќе работи вообичаено, од 10 до 17 часот.