сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Утре сообраќаен режим на улицата „Даме Груев“

Утре сообраќаен режим на улицата „Даме Груев“

ЈП „Улици и патишта“ известува дека утре од 8 до 15 часот екипите на претпријатието продолжуваат со активностите за реконструкција на коловозната површина на улицата „Даме Груев“.

Како што истакнуваат утре ќе се асфалтира на потегот од раскрсница со улица Македонија до улица 11ти Октомври.

Поради изведба на градежните активности на овој потег ќе бидат затворени двете коловозни ленти и обележани со соодветна сигнализација.