четврток, 25. јануари 2024. Вести денес: 0
home Скопје

ВАЖНА ОДЛУКА ЗА ТАКСИ ПРЕВОЗНИЦИТЕ: Се воведуваат 3 тарифи- сами можат да одлучат која ќе ја применат!

ВАЖНА ОДЛУКА ЗА ТАКСИ ПРЕВОЗНИЦИТЕ: Се воведуваат 3 тарифи- сами можат да одлучат која ќе ја применат!

На 15-тата седница на Советот на Град Скопје, по барање на такси компании и здруженија, Советот донесе одлука за изменување и дополнување на Одлуката за авто-такси превоз на патници на подрачјето на градот Скопје, подржана од речиси сите советнички групи!, пишува на Фејсбук, Филип Јаневски, советник во Совет на Град Скопје од коалицијата „За обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

-Со оваа одлука се воведуваат три тарифи за пресметување на цената на авто-такси превозот, помеѓу кои, компаниите ќе можат самите да одлучат по која тарифа ќе ја пресметуваат цената на превозот, без оглед на цената на горивата!

Советот на Град Скопје уште еднаш докажа дека има слух за проблемите и потребите на сите граѓани засегнати од тешката криза во која се наоѓа Македонија!

Одлуката можете да ја погледнете на следниот линк.