недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Велјановски: Јакимовски и СДС со правни преседани за да ги исполнат желбите на урбаната мафија

Велјановски: Јакимовски и СДС со правни преседани за да ги исполнат желбите на урбаната мафија

Почитувањето на законите и грижата за интересот на граѓаните не може да биде претставувано како опструкција, ниту пак правното насилие, кршењето на законските норми и борбата за интересите на урбаната мафија во Карпош можат да ги прикажат Стевчо Јакимовски и СДС како жртви на опструкции во Советот на Општина Карпош, рече на прес-конференција советникот во општина Карпош од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Роберт Велјановски.

-Денес самоволието, правните акробации и преседани на Стевчо Јакимовски и СДС добиваат нова форма и димензија. Откако Советниците на СДС и ГРОМ воопшто не се појавија на 5 седници на Советот, два пати го спречија продолжувањето на прекинатата седница, откако Градоначалникот и службите ги игнорираат записниците и Одлуките од седниците одржани и изгласани со мнозински број на советници на 3 седници денес истите решиле по налог на Градоначалникот да си изгласаат пазете: Заклучок за прекин на седница на Совет! Откако увидоа дека се препознаени криминалите во Деталниот урбанистички план за Млечен, си решиле со заклучок да ја прекинат и завршат седницата. Не се важни ужинките, не се важни програмите за училиштата, важно е само криминалниот ДУП да остане во живот. Ваков правен преседан досега се нема случено во Општина Карпош. Ваква тешка импровизација е целосно спротивна на Законот и Деловникот за работа на Советот. Седницата ја започнува претседателот на Советот, седницата ја завршува претседателот на Советот. Јавноста и нашите сограѓани се згрозени од ваквото однесување на Градоначалникот и СДС бидејќи знаат зошто се случуваат вакви циркузантски потези, бидејќи знаат дека за СДС и Стевчо Јакимовски интересите на урбаната мафија и ДУП-от што очајнички сакаат да го протнат или спасат се поважни од интересот на граѓаните, законите и работата на Советот. Јавноста исто така знае дека ниту една правна акробација, ниту еден правен преседан каков што е случај со денешниот заклучок нема да помине кај Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата. Јавноста знае дека Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата секогаш ќе бидат најверниот чувар на јавниот интерес и хуманата урбанизација на Карпош, истакна Велјановски.

Бидејќи ќе бидеме обвинети за опструкција, ние ќе се спротивставиме на ова решение, но граѓаните треба да знаат дека ќе понудиме конструктивно решение коешто во рамките на Законот и рамките на Деловникот за работа на Советот, додаде тој.