вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Велковски бара извинување од Арсовска: Со клеветничка изјава го наруши мојот углед и чест

Велковски бара извинување од Арсовска: Со клеветничка изјава го наруши мојот углед и чест

На ден 12 Септември 2022 година, на одржана прес-конференција од страна на градоначалничката Данела Арсовска се изнесени невистинити тврдења за факти штетни за мојата чест и углед, кои што потоа се пренесени преку соопштение до јавност од кабинетот на Градот Скопје.
Со индигнација ги отфрлам тврдењата дека на било кој начин сум работел несовесно и сум влијаел на процесот за избор на компанија за пречистителната станица, стои во Фејсбук статусот на Ѓоко Велковски, поранешниот секратар на град Скопје.

Тој напиша дека се работи за клеветничка изјава која го нарушува неговиот углед и чест.

– Оттука, а согласно одредбите од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, член 13 и 14, барам од Арсовска во целост да ја повлече изјавата и да се извини за невистините и лагите кои ги шири и со кои ја манипулира јавноста. Во спротивно, доколку не постапи по ова барање во законски предвидениот рок од 48 часа, ќе поднесам тужба за утврдување граѓанска одговорност за клевета, додава Велковски во својата објава.