Немање идеја и креативност води до паушално решение и глупост. Кога имате реален проблем, а тоа е несомнено сообраќајниот метеж на ул.Цветан Димов во Општина Чаир, улица која служи за влез на жителите од општините Чаир, Бутел, Чучер и Сандево и делумно за Шуто Оризари. Движењето на оваа улица во ударните часови за одење на работа и за враќање од работа е навистина отежнато и има голема фрекфенција на автомобили и поради тоа оваа делумно кратка делница се вози повеќе од предвиденото, пишува Координатор на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Чаир Ѓоко Велковски на Фејсбук.
-Пред повеќе од 1 година, незнаејки како да го решат проблемот градските власти на чело со Петре Шилегов решаваат да постават бетонски блокови долж едната половина од самата улица, и даваат изјава дека со ова ќе се регулира сообраќајот, односно дека ќе се намали гужвата од оваа улица.
После една година ништо не се промени сеуште имаме сообраќаен метеж на оваа улица и наместо тоа да го признаат Петре Шилегов и градските власти тие пред само неколку дена поставија нови бетонски блокови кон вториот дел од улицата Цветан Димов и без притоа повторно да направат соодветна проценка и анализа за тоа дека најмалку 30.000 жители на населено место Гази Баба нема да можат да влезат во својата населба од улицата Цветан Димов како што предвидувал самиот сообраќаен режим со години наназад.
Да не зборуваме за потребата од итна медицинска помош, од противпожарно возило, полициска патрола, сите овие треба да одат до едниот или другиот крај на улицата Цветан Димов, зависно каде треба да интервенираат, а за сите овие служби секоја секунда е значајна и значајна е за жителите на општина Чаир.
Доколку седнел некој и реално го разгледа проблемот на улицата Цветан Димов веднаш ќе забележи дека не е проблемот во исклучувањето и уклучувањето на возилата кои доаѓаат од споредните улици, ниту толку голем е проблем од пешаците кои преминуваа преку оваа улица, туку најголем проблем преставуваат паркираните возила на десните коловозни лента од двете страни на самата улица и со тоа остануваат по една коловозна лента за возење, и затоа проблемот за решавање на оваа ситуација треба да го бараат токму тука. Значи потребна е постојана интервенција од полициски службеници и веднаш да биде разгледана можноста за проширување на оваа улица со по уште една коловозна лента со што би се отворила можност за максимална проодност на целиот капацитет на возила кои поминуваа на оваа улица.
Меѓутоа наместо да размислуваат за вистинскиот начин на решавање на овој проблем, од немање на вистинска идеја се изведува некое квази решение кое реално повеќе не навредува нас чаирчани отколку што реално имаме корист.
Петре Шилегов уште еднаш те предупредуваат жителите на Општина Чаир, дека ние ниту сме општина за експеримент, ниту општина за потсмев. Бараме и ние како дел од градот Скопје да бидеме сериозно сватени и разбрани и секоја интервенција во нашата општина да биде во согласност со нашите потреби и барања.
Одамна овие жители знаат за вашата неспособност и немањето на идеја за решавање на нашите проблеми, време е да го признаете ова и да не ја барате повеќе поддршката на овие граѓани, подвлекува Велковски.