На социјалната мрежа ТикТок се појави видео коешто предизвика лавина негативни реакции од страна на корисниците. Имено, на видеото е видливо дека девојка ги малтретира животните во Зоолошката градина во Скопје, прескокнувајќи ги оградите.
Како што информираат од Зоолошката градина, девојката ќе добие соодветна пријава затоа што, како што велат оттаму, ваквото однесување е недозволено.
Понекогаш доволно е и една минута да немало никој во близина и да се случи ваков инцидент. Токму преку едукативни кампањи успеавме да ја покренеме свеста и поголемиот број на посетители се културни и совесни, но ете има и по некој ваков изолиран случај кој заслужува казна, стои во нивната објава на Фејсбук.