Комумалните проблеми во Скопје тлеат со години, а изгледаат нерешливи со оглед дека секоја наредна власт не успеа да се справи со нив. Од отпадоци по улици, до депонирање на ѓубрето во депонии. Видеото направено од граѓани на главниот град говори за ниската свест на луѓето, но и за јавното претпријатие „Комунална хигиена“.
Од видеото се гледа како вработен во претпријатието, наместо да го собере ѓубрето кое е исфрлено од неосвесни, неодговорни и луѓе без свест, тој го потклоцнува под контејнерите и си заминува. Видеото наиде на многу реакции од корисници на социјалните мрежи. Инаку, снимката е направена Капиштец. Од неа се гледа и дека дел од контејнерите за депонирање отпад се полни, но вработениот во претпријатието ладнокрвно си заминува.