петок, 23. февруари 2024. Вести денес: 0
home Скопје

ВМРО-ДПМНЕ Центар: Општина Центар станува една голема депонија, Богдановиќ да излезе од удобната канцеларија и да ја среди општината

ВМРО-ДПМНЕ Центар: Општина Центар станува една голема депонија, Богдановиќ да излезе од удобната канцеларија и да ја среди општината

Центар е преплавен со отпад, преполни корпи за отпадоци и контејнери од кои се шири неподнослива миризба, реагираат од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Центар.

-Најдоговорен за оваа ужасна ситуација во најбогата општина во државава е градоначалникот Саша Богдановиќ. Тој на жителите на Центар им ветуваше чиста, модерна општина која ќе се грижи за здравјето на сите кои живеат во неа. Сликите ви се во прилог ја покажуваат кастрофалната ситуација со хигиенета со која се соочува Центар и центарци. На овој хаос мора да му дојде крај. Наместо лажните заложби за чистење на Центар време е да се зафати со работа. Да излезе од неговата удобна канцеларија и да ја среди општината, се вели во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ Центар посочуваат дека е доста е со лажните ветувања и привидни акции. Општина Центар не е ништо друго освен една голема депонија.

-Ако не може Богдановиќ неговата општина да ја направи чиста и да го исполни ветувањата што ги даваше во предизборните ветувања време е работата да ја препушти на некој друг. Центар и центарци не заслужуваат да живеат во ваква хаотична општина но исто така не заслужуваат ни градоначалник како Саша Богдановиќ, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.