СДСМ го крадеше Градски паркинг, сега Данела Арсовска и мнозинството на коалицијата за Обнова на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја намали цената на паркинг услугите, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ овозможи стотици нивни функционери бесплатно, надвор од рамките на заканот под рака да користат паркинг услуги, а сега кога точка на дневен ред е намалување на цената на паркинг услугите тие гласаа против.
Градски Паркинг СДСМ и ДС го претворија во дувло на непотизам, а денес гласаа во Советот против поевтинување на услугите за паркинг.
СДСМ е против народот, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.