четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

ВМРО-ДПМНЕ убедливо води и во советничките места во Град Скопје

ВМРО-ДПМНЕ убедливо води и во советничките места во Град Скопје
МИА

Од 76 проценти од обработените податоци за градоначалник на Град Скопје на веб страницата на Државната изборна комисија независната кандидатка, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска има 38,59 проценти од гласовите, а кандидатот на СДСМ Петре Шилегов – 35,01 отсто.

Потоа следи Перо Георгиевски од Левица со 8,41 процент, Арбен Шаќири од ЛДП/ДОМ – 3,69 проценти, Ана Петровска од Зелен хуман град – 3,63 проценти и Александар Тортевски од Твоја Партија – 1.01 процент.

Излезноста е 48,88 проценти.

За Совет на Скопје најмногу гласови има ВМРО-ДПМНЕ – 33,74 проценти, потоа СДСМ – 22,23 проценти, ДУИ -13,63, Левица – 8,25, АА/А – 5,71, Зелен хуман град – 3,37, ЛДП/ДОМ – 3,26, БЕСА – 1,29 отсто, а останатите се под еден процент.