МВР денес со голема акција на собирање на возила во центарот на Скопје. Со голем број на „пајаци“ и полициски службеници се отстрануваа возилата.
Пајак службата е особено активна последниве два-три месеци, се крева секое возило, а возачите често се жалат и дека возилата кои ги оставаат на кратко им се креваат од пајак службата.
На денешната акција подигнати се 86 возила, а биле казнети 91 возач за непрописно паркирање, според билтенот на МВР за изминатите 24 часа.
Од билтенот на МВР се чита дека за изминатите 24 часа, сообраќајната полиција санкционирала 28 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената и исклучила од сообраќај 11 возачи, од кои девет лица без дозвола управувале моторно возило и двајца возачи почетници.
Од сообраќај биле исклучени 13 возила кои биле нерегистрирани, а седум возачи се казнети за неправилно престигнување и уште седум за непоседување зимска опрема, како и по тројца за неправилно престројување, не давање првенство на минување на возила, непропуштање на пешаци и за поминување крстосница со непочитување на светлосните знаци, односноцрвено светло.