Тече роденденската седмица на Општина Кисела Вода, најстарата скопска општина која во четврток ќе го одбележи својот 68-ми роденден. По тој повод ќе има низа случувања, дел со инфраструктурен карактер, како продолжение на бројните проекти кои секојдневно ги промовира градоначалниот Ѓорѓиевски, еден дел ќе бидат посветени на свечената седница и наградите на заслужните жители кои таму ке се доделат, а секако дел ќе бидат посветени и на културата, музиката и забавата.
Сакаме да ги повикаме сите граѓани, од Кисела Вода, но и сите оние од другите општини и градови, кои сакат да поминат убава вечер и да бидат дел од манифестацијата “68 години Кисела Вода-бескрајна приказна која станува се’ подобра!” После хуманитарната “Kоријада” во паркот Шопен, сите да се упатат пред салата Расадник! Од 18 часот ќе има Битка на бендови, а од 21 часот, во вечерната програма, најпрво атмосферата ја загрева DJ Mats, за веднаш по него, од 22 часот, голем концерт да одржи групата Нокаут, која и самата испиша историја во македонската музика, годинава просавувајќи 25 години на сцената. Најавуваме одлична журка за сите возрасти!