четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Во наредните два дена голем број на скопски општини без вода и струја

Во наредните два дена голем број на скопски општини без вода и струја

По добиените известувања од ЕВН и ЈП Водовод и канализација, Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, ги известува граѓаните дека:

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија ќе останат следните корисници:
на ден 07.07.2021 година ( среда ) :
–  од 05:00 до 07:00 часот, корисниците од дел од ул. Перо Наков, дел од Индустриска и дел од Бул. Киро Глигоров. ( Општина Гази Баба )
–  од 07:30 до 15:00 часот, корисниците од улиците: 163, 164, 165 и Хусеин Бајрам во нас. Крњево. ( Општина Центар )
–  од 08:00 до 10:30 часот, корисниците од дел од ул. Јадранска Магистрала. ( Општина Бутел )
–  од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од ул. Перо Наков, ( потрошувачите во околината на фирмата Караорман ). ( Општина Гази Баба )
–  од 09:00 до 13:30 часот, корисниците од ул. Благоја Гојан бр. 30, ул. Стрмешево бр. 5 и ул. Кавалска броеви 3, 5, 7, 9 и 14. ( Општина Кисела Вода )

на ден 08.07.2021 година ( четврток ) :
–  од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од ул. Христо Татарчев подулица бр. 14 во нас. Припор. ( Општина Кисела Вода )
на ден 07.07.2021 година ( среда ) :

Поради промена на затворач од водоводна мрежа со пречник од Ф 80 мм, од 09:00 часот до завршување со активностите, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Филип Втори Македонски на потегот од ул. 11 Октомври до хотелот Холидеј ИН, дел од улиците: Мирче Мацан и Светозар Марковиќ, како и објектите на: ТЦ Соравија, дел од ГТЦ, Сојуз на Синдикати, дел од Градска Болница и др. ( Општина Центар )

Поради отстранување појавен дефект на водоводна мрежа со пречник од Ф 100 мм, на ул. Јани Лукровски бр. 2, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, без водоснабдубање ќе останат корисниците од високата зона односно повисоките спратови од зградите во нас. Автокоманда. ( Општина Гази Баба )