Најголема излезност на гласачите во четирите скопски општини каде во вториот круг на Локалните избори се бираат градоначалници има во Карпош – 38,94 отсто.
Во Центар до 15 часот на гласање излегле 37,81 отсто од запишаните избирачи, додека во Чаир 30,03 отсто.
Во Шуто Оризари има најмала излезност во споредба со другите три општини – 21, 55 отсто.
Излезноста до 15 часот во 44 општини и Скопје каде се гласа за градоначалници, како што објави Државната изборна комисија, изнесува 34, 22 отсто.