Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (22.09.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 203 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 34 санкции, 24 мерки за возење без возачка дозвола, осум мерки за возење под дејство на алкохол.
Изречени се 15 мерки за нерегистрирани возила, девет санкции за возач почетник, 11 санкции за користење мобилен телефон, три мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), 39 санкции што ги прават возачи на мотоцикли…
-Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.