вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Во Скопје казнети 230 возачи

Во Скопје казнети 230 возачи

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (30.08.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 236 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 46 санкции, 22 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се 10 санкции за користење на мобилен телефон при возење, 11 мерки за некористење на сигурносен појас, седум санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло….

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.