среда, 28. февруари 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Во Скопје врие од кучиња скитници, за еден ден каснати шест лица

Во Скопје врие од кучиња скитници, за еден ден каснати шест лица
Илустраци

Главниот град на Македонија преполн со кучиња скитници. Во денешните полициски билтени, наведено е дека во текот на вчерашниот ден шест скопјани пријавиле дека биле нападнати од куче скитник.

Ова се случаите кои ги пренесува МВР:

На 28.06.2021 во 21.20 часот во Полициската станица Гази Баба, С.Т.(43) од Скопје пријавила дека на место викано Пуста кула, с.Трубарево била касната од куче скитник.

На 28.06.2021 во 16.30 часот во Полициската станица Аеродром, Г.М.(50) од Скопје пријавила дека ул.„23 Октомври“ била касната од куче скитник.

На 28.06.2021 во 11.15 часот во Полициската станица Аеродром, М.К.(27) од Скопје пријавил дека на бул.„АСНОМ“ бил каснат од куче скитник.

На 28.06.2021 во 02.20 часот во Полициската станица Центар, М.Р.(51) од Скопје пријавил дека на Кеј „Димитар Влахов“ бил каснат од куче скитник.

На  28.06.2021 во 20.20 часот во Полициската станица Центар, Н.К.(43) од Скопје пријавил дека на ул.„Ѓорѓи Пешков“ неговиот син бил каснат од куче скитник.

На 28.06.2021 во 11.40 часот во Полициската станица Карпош, А.Д.(43) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Карпош нејзината ќерка била касната од куче скитник.