Општина Илинден интензивно работи на изградбата на пречистителната станица во населба Илинден со капацитет за над 300 домаќинства, кои ќе бидат приклучени на фекална канализација. Покрај домаќинствата кон пречистителната станица ќе се поврзат и стопанските субјекти од локалната економска зона Ограѓа, како и новото основно училиште.
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски денеска направи увид на градежните активности и истакна дека изградбата на фекална канализација и пречистителни станици е главен приоритет во работењето на локалната самоуправа и токму затоа нашата заложба ќе биде да се опфатат поголем број домаќинства како и јавни општински и стопански субјекти со фекална канализација.
-На овој начин ќе се придонесе за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните како и директно ќе се влијае во унапредување и заштита на животната средина. Овие пречистителни станици претставуваат модуларен систем и истите можат да се надградуваат согласно потребите и капацитетите за домаќинства, лесно се одржливи, даваат висок квалитет на пречистена отпадна вода и имаат мала потрошувачка на електрична енергија, информираат од Општината.