недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Водата во Скопје безбедна за пиење

Водата во Скопје безбедна за пиење

Водата за пиење во Скопје е безбедна покажуваат резултатите од направените физичко-хемиски и микробиолошки испитувања од 47 мерни места во градот.

-Секторот за санитарна контрола во периодот од 18.09.2023 до 22.09.2023 зема 194 примероци за физичко-хемиска и 194 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 47 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, информираа денеска од ЈП „Водовод и канализација“.

Овие информации, од јавното претпријатие ги објавуваат во рамки на неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.