Од ЈП Улици и патишта Скопје информираат дека утре и во среда поради изведба на градежни активности за асфалтирање на пешачките патеки на улицата „Даме Груев“ во насока на движење од крстосницата со улица „Димитрие Чуповски“ до улица „Македонија“, во периодот од 8 часот наутро до 15 часот попладне, ќе биде воведен времен режим на сообраќај.
Времениот режим ќе биде обележан со соодветна сигнализација, а поради изведба на градежните активности ќе биде затворена една коловозна лента утре, а потоа на 17.05.2023 година ќе биде затворена и другата коловозна лента во спротивната насока.
ЈП Улици и патишта Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот до завршување на градежините активности да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.