петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Зафировски: Наместо само на ДУП-ови и ѕидање како што се прави сега во Општина Карпош, треба да се насочиме и кон подобрување на квалитетот на животот на граѓаните

Зафировски: Наместо само на ДУП-ови и ѕидање како што се прави сега во Општина Карпош, треба да се насочиме и кон подобрување на квалитетот на животот на граѓаните

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Карпош, Оливер Зафировски во гостување во дебатната емисија на ТВ Шења, зборувајќи за проблемите со кои граѓаните од оваа општина се соочуваат рече дека најголем проблем на кој укажуваат граѓаните е потребата од паркинг места, за што образложи и како планира да го решава тој проблем, но исто така укажа и на важноста од следење на климатските промени и квалитетот на живот во општината.

„Ние имавме средба со сите граѓани кои се во месните заедници и тие прво што кажуваат е дека проблем е паркинг плац. Млечниот ресторан, Лептокарија, Карпош еден, Карпош два, такада имам идеја да направиме катни гаражи или можеби некаде каде што има простор да направиме и подземни гаражи. Но, она што е битно во овој момент е какви се климатските промени во Карпош, колку е изменета температурата и каков е квалитетот на животот. Имам и анализа за тоа, јас работам баш на климатските промени. Ние го заборавивме здравјето и само одиме на ѕидање“, рече Зафировски.

Тој исто истакна дека наместо на ДУП-ови на кои сега се трши 90% од времето во општината, треба треба да се размислува и на хумано живеење пред се климатските промени, загадениот воздух, загадената почва и загадената вода.

„Исто така имаме проблеми и со електричните инсталации во згради што се постари од 50 години, имавме еден случај кога во една зграда со дотраена инсталација се запали. Значи ние немаме безбедност и треба даповедеме сметка за тие згради да ги ревитализираме, да помогнеме на луѓето кај што можеме. И тоа е секако обврска, а не само фацадите. Лифтовите се исто така проблем, но сепак треба да мислиме на едно хумано живеење пред се од климатски промени, загаден е воздухот загадена е почвата, загадена е водата, а ние 90% од денот во општината, јас сум бил советник две години таму, цело време се ДУП-овите, ѕидање згради и многу малку се остава на оној другиот дел“, додаде Зафировски.