понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Зафировски во посета на пазарџиите во Тафталиџе: Карпош ќе добие нов современ пазар по европски стандарди! (ФОТО)

Зафировски во посета на пазарџиите во Тафталиџе: Карпош ќе добие нов современ пазар по европски стандарди! (ФОТО)

Кандидатот за градоначалник на општина Карпош од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Оливер Зафировски во рамките на недовите дневни предизборни активности ги посети пазарчиите во Тафталиџе, притоа ветувајќи дека Карпош ќе добие нов современ пазар по европски стандарди!

-Денеска ги посетив пазарџиите на пазарот Тафталиџе.

Разговаравме за проблемите со кои се соочуваат! Во лоши временски услови на студ тие се секогаш тука да ни обезбедат свежа органска храна!

Од ова место ветувам дека ќе ги подобрам условите во кои што работат!

Вратите на општината секогаш ќе бидат отворени за нив!

Карпош ќе добие нов современ пазар по европски стандарди!, пишува во својата објава на социјалната мрежа на Фејсбук Зафировски.