среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Започна пријавувањето за традиционалната Дедомразовска трка на Скопје

Започна пријавувањето за традиционалната Дедомразовска трка на Скопје

Во недела на 25 декември во Скопје ќе се одржи традиционалната Дедомразовска трка, во која повеќе стотици учесници во дедомразовски костуми ќе трчаат во главниот град.

Трката покрај натпреварувачки, има и забавен карактер па во неа се добродојдени да се пријават учесници од сите старосни групи. Должината на патеката е само 2 километри и можат да ја истрчаат и деца во придружба на родители.

Пријавувањето се одвива преку веб страницата www.prvdovrv.mk. Со пријавувањето, секој учесник добива целосен дедомразовски костум, составен од палто, панталони, капа, ремен и брада.

За победниците се предвидени награди, а на најсреќните учесници преку лотарија ќе им се исполнат новогодишните желби без оглед на резултатот и освоеното место. Пред и по трката се предвидени музичка програма, загревање со фитнес инструктор и церемонија на прогласување на победниците.

Стартот на трката е закажан за 12 часот, а подигнувањето на стартните пакети од 10 часот на денот на трката.

Трката ја организира здружението за спорт и рекреација Прв до врв од Скопје.