среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Засилена полициска акција во Скопје: Казнети 173 возачи, 16 од нив возеле без дозвола

Засилена полициска акција во Скопје: Казнети 173 возачи, 16 од нив возеле без дозвола

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (23.07.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 173 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 71 санкција, 16 мерки за возење без возачка дозвола, 29 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон, девет санкции за возење под дејство на алкохол, пет за нерегистрирани возила…

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.