петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Заврши 9-то издание на „Гола месечина“ – Аеродром уживаше во шесте фестивалски вечери

Заврши 9-то издание на „Гола месечина“ – Аеродром уживаше во шесте фестивалски вечери

Претставата „Енергични луѓе“ на Охридскиот театар синоќа го заокружи деветтото издание на Меѓународниот фестивал на комедијата „Гола месечина“ што традиционално се одржува во организација на Општина Аеродром и Театар Комедија.

И оваа година аеродромци имаа можност да уживаат во забавни театарски комедии, кои внесоа посебна магија во шесте фестивалски вечери. На сцената под отворено небо се одиграа претстави од неколку театри од Македонија, како и комедии од театри од Белград и од Софија.

-На наше големо задоволство, интересот за секоја од претставите беше огромен и се бараше столче повеќе, а Аеродром повторно се покажа како добар домаќин на овој значаен културен настан.

Општина Аеродром и во иднина ќе поддржува вакви и слични манифестации, затоа што културата е значаен дел од секојдневието, а ние сакаме што е можно повеќе да ја доближиме до сите наши жители, информираат од Општината.