На спортските терени во општина Илинден изминатите два дена се одржа спортската манифестација ,,Денови на спорт на младите во општина Илинден”, на кои се натпреваруваа учениците од основните општински училишта во Илинден, како и учениците од средното општинско стручно училиште ,,Илинден”.
Според програмата се одиграа финални општински натпревари на основните училишта во футсал, ракомет и одбојка во машка и женска категорија, турнир во баскет за ученици од СОСУ ,,Илинден”, елементарни штафетни игри за ученици од одделенска настава.
На финалните натпревари во футсал во женска категорија првото место го освои ООУ ,,Ристо Крле” од Кадино а второто место го освоија учениците од ООУ ,,Браќа Миладиновци” од Миладиновци. Во машка категорија во футсал прво место ООУ ,,Гоце Делчев”, а второ место ООУ ,,Браќа Миладиновци”. Во натпреварите во одбојка во женска категорија првото место го освои ООУ ,,Гоце Делчев”, второ место ООУ ,,Ристо Крле”, додека во машка категорија прво место е ООУ ,,Ристо Крле”, а второ место ООУ ,,Браќа Миладиновци”. На натпреварите во ракомет во женска категорија прво место освои ООУ ,,Ристо Крле”, второто место му припадна на ООУ ,,Гоце Делчев”. Во машка категорија првото место го освои ООУ ,,Гоце Делчев”, второто место ООУ ,,Браќа Миладиновци”.
На спортската манифестација се одржаа и елементарни штафетни игри за учениците од второ до петто одделение на кои учествуваа околу стотина учесници, како и натпревари во кошарка на кои се натпреваруваа учениците од СОСУ ,,Илинден”.