вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

ЗЕЛЕНИЛО НАМЕСТО ЗГРАДИ: Муцунски избриша три нови маркици во Аеродром

ЗЕЛЕНИЛО НАМЕСТО ЗГРАДИ: Муцунски избриша три нови маркици во Аеродром

Избришани се уште три градежни маркици во Реонски Центар во Општина Аеродром, со што се спречи изградба на згради на вкупен простор од 13.200 м2, информираат од општина Аеродром.

На предлог на градоначалникот Тимчо Муцунски, Советот на Општина Аеродром на вчерашната седница ја изгласа оваа иницијатива која е во интерес на сите аеродромци.

Политиките кои ги презема градоначалникот Муцунски со поддршка на Советот имаат за цел да ја спречат бетонизацијата и наместо тоа да се стави акцент на зеленилото и хуманата урбанизација.

Овие чекори ќе продолжат и понатаму. Преку одговорно работење придонесуваме за што повеќе зелени површини во нашата општина, се вели во соопштението од општината.