петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Зградите кај Скопјанка останаа без вода

Зградите кај Скопјанка останаа без вода

Зградите околу Скопјанка во Општина Аеродром имаат прекин на водоснабдување поради уличен дефект од 17:00 часот, соопшти Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.

Како што се посочува во соопштението, поради уличен дефект од ф150 милиметри на булевар „Кузман Јосифовски Питу“ бб (кај Скопјанка ), со прекинато водоснабдување од 17:00 часот ќе бидат корисниците на зградите од Скопјанка, дел од улиците „23-ти Октомври“ (поранешна „Владимир Комаров“) и „Бојмија“.

Прекинот на водоснабдувањето ќе трае до отстранување на дефектот, информираат од претпријатието.