сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Жичарата на Водно утре нема да работи до 14:30 часот

Жичарата на Водно утре нема да работи до 14:30 часот

ЈСП Скопје информираме дека утре жичарницата до 14.30 часот нема да работи.

Времениот прекин на функционирање на објектот ќе биде поради изведување на планирани активности во електродистрибутиваната мрежа во реонот на Средно Водно.

Автобуската линија „25“ (Транспортен центар – Средно Водно) ќе има изменет возен ред од вообичаениот, односно ќе сообраќа во следниве термини.

Транспортен центар: 8 ч, 9.40 ч, 11.20 ч, 13.20 ч, 15.20 ч и 17.20 ч.
Средно Водно: 8.40 ч, 10.40 ч, 12.40 ч, 14.40 ч, 16.40 ч и 18.40 ч.