Жичарницата и трите автобуски линии до Средно Водно ќе продолжат со вообичаена работа oд утре
-Согласно Одлуката за работно време за Жичарницата, таа работи секој ден, освен понеделник и секој последен вторник во месецот, од 10 до 20 часот, при што во период од 19-19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу, информираат од ЈСП Скопје.
До Средно Водно сообраќаат три линии:
– 25 (Транспортен центар – Средно Водно), сообраќа секој ден освен понеделник
– 25А (Автомакедонија – Средно Водно), сообраќа само за викенд и држ.празник
– 25Б (Дом на печат – Средно Водно), сообраќа само за викенд и држ.празник
Превозот со сите три линии за време на викенд и држ.празник се бесплатни за сите категории патници/граѓани.