Жителите на Припор денеска повикуваат на протест од 17 до 19 часот поради изградба на потпорен ѕид на улицата „Христо Татарчев- крак 14“, каде пред две недели загина работник, а неговиот колега се здоби со повреди по одрон на земјиште.
По трагедијата работата беше стопирана, а општината Кисела Вода даде забрана за сообраќај и движење на пешаците заради опасност од повторен одрон на земјиштето.