Морам да Ви кажам дека воопшто не ја гледам поврзаноста на справување со пандемијата и тргање на билбордите. Колку што слушнав во неговата изјава оправданоста на тргањето во ова време, во оваа вонредна состојба ја гледа во ослободување на јавниот простор во однос на велосипедските патеки, меѓутоа штотуку зборува за непревземање на основни нешта заштита на вработените во културни институции значи за немање во буквална смисла на зборот сапуни.
Ова како одговор на новинарско прашање го даде советничката Јелена Жугиќ во коментар за најавата на градоначалникот Петре Шилегов дека ќе преместува билборди.
„А, од друга страна веројатно огромен дел од финансиски средства ќе се одлеат за дислокација на 250 билборди. Притоа се поставува едно несомнено прашање кое што веројатно и јавноста ќе ја заинтригира, значи градоначалникот во ниту една своја изјава не кажа дали е и истечена концесијата за тие билборди. Доколку не е, колку пенали ќе плати Градот Скопје бидејќи тие билборди како што јас знам се закупуваат на 10 години, на 15 години. Бидејќи тоа е еден од најатрактивните начини за рекламирање во секој град, вклучувајќи го и нашето преубаво Скопје. Сега јавно прашувам дали е истечена концесијата на закупецот? Дали станува за еден закупец за тие 250 билборди или повеќе?
Ако не е истечена концесијата колку Градот Скопје ќе плаќа пенали? И притоа ако земеме во предвид дека билбордите се најатрактивниот и највпечатливиот начин на рекламирање на одредени продукти и Градот Скопје зема навистина конкретни пари од издавање на јавниот простор, верувам дека кога ќе заврши пандемијата тој јавен простор повторно ќе биде издаден, градот има потреба од рекламирање. Меѓутоа очигледно на некој друг концесионер. И несомнено е значи, не можете да не помислите дека сепак тука станува збор под превезот на справување со пандемијата Ковид – 19 и така натака за некои лични бизнис интереси на градоначалникот, кој што и те како е познат по анонимност во своето работење. Значи останува на граѓаните да прашуваат. Се надевам дека оваа тема ќе биде актуелна периодов, градоначалникот да се произнесе на овие прашања, дали е завршена концесијата, доколку не е колку ќе плаќа пенали и кога планира и каде во иднина повторно да ги постави тие рекламни паноа. Кои што пак ќе споменам се одличен начин за рекламирање и граѓаните и бизнис секторот во градот го користат како начин на рекламирање“.