сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Жугиќ: Опозицијата одби два амандмани на седницата на Совевот на град Скопје и не излезе во пресрет на потребите и барањата на жителите на Аеродром

Жугиќ: Опозицијата одби два амандмани на седницата на Совевот на град Скопје и не излезе во пресрет на потребите и барањата на жителите на Аеродром

Советничката во град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ Јелена Жугиќ денеска поднесе два амандмани за подобрувањето на мобилноста  и инфраструктурата на граѓаните во општината Аеродром кои биле одбиени од опозицијата.

Таа како што пишува побарала да се проектира и изведе сообраќајница која ќе ја поврзе улицата Васко Каранѓелевски (кај базенот)со Булеварот Трета Македонска Бригада. Со ова инфраструктурно решение ќе се ослободи движењето во општината. Потоа побара и да се реконструира Булеварот “АСНОМ”, на потегот од Булевар “Србија” до улицата “ Февруарски поход” блузу до зградата на ФФМ, но за жал советниците од опозицијата не излегле во пресрет на жителите на Аеродром.

-Драги мои аеродромци,
на денешната седница на Совет на Град Скопје поднесов два амандмани со кои сметав дека ќе се подобри мобилноста на граѓаните во Оштина Аеродром, ќе се подобри инфраструктурата и тоа се со цел да се излезе во пресрет на нашите потреби. Имено побарав да се проектира и изведе сообраќајница која ќе ја поврзе улицата Васко Каранѓелевски (кај базенот)со Булеварот Трета Македонска Бригада. Со ова инфраструктурно решение ќе се ослободи движењето во општината. Потоа побарав да се реконструира Булеварот “ АСНОМ”, на потегот од Булевар “Србија” до улицата “ Февруарски поход” блузу до зградата на ФФМ. За жал советниците од позицијата не излегоа во пресрет на потребите и барањата на жителите на Општина Аеродом. За наредната фискална год нашите потреби и барања не се во приоритетите на Буџетот…., стои во нејзиниот статус на Фејсбук.