среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

3 работи кои ги поседува Јелена Ѓоковиќ, а кои чинат повеќе од просечен стан во Македонија – таа на себе носи богатство

3 работи кои ги поседува Јелена Ѓоковиќ, а кои чинат повеќе од просечен стан во Македонија – таа на себе носи богатство

Името Јелена Ѓоковиќ е синоним за елеганција и софистицираност, а никогаш не би помислиле дека одредени работи кои ги носи вредат и по неколку десетици илјади евра.

Сопругата на тенисерот којшто ги руши сите рекорди и постигнува историски успеси, Јелена Ѓоковиќ, имаме можност да ја гледаме во најразлични изданија – од оние најобичните до ултрагламурозни, кога сите ги остава без текст во модни комбинации со најскапи потписи.

Таа е синоним за елеганција и сѐ уште кај неа важи правилото – помалку е повеќе. Стилот на Јелена го пофалила и популарната уредничка на „Vogue“, Ана Винтур, па и на многу други модни експерти исто така им се допаднал.

Меѓутоа, деновиве светските медиуми многу пишуваат за нејзините модни комбинации на Вимблдон, а според одредени луѓе, Јелена многу повеќе се потрудила за својот изглед.

Таа на себе носи и впечатливи бои, а во такви изданија не ја гледаме често затоа што посведениот изглед ѝ е омилен.

Иако никогаш на лицето немала многу шминка и е поборник за природниот изглед, во последно време неретко се појавува со блескава и дискретна шминка.

Иако нејзиниот стил еволуирал со годините, сепак од некои работи таа никогаш не се откажува. Фармерки, лесни кошули и патики се нејзин секојдневен избор.

Едно од најскапите парчиња кои Јелена ги поседува е часовникот „Audemars Piguet Royal Oak Offshore“, вреден неверојатни 47 илјади евра.

Овој женски модел на часовник има гумено, бело ремче и бели детали како што се круничка и рамка со 32 дијаманти.

Но, тоа што привлекува најмногу внимание е накитот на нејзините уши, а се чини дека Јелена на него троши најмногу пари. Едни од најскапите кои ги носела биле обетките од брендот „Van Cleef & Arpels“. Цената на овој модел од „Alhambra“ колекцијата достигнува и до 120 илјади долари.

Секое парче е вистинско ремек-дело на мајсторите на занаетот, а во изработката учествуваат само врвни златари кои се занимаваат и со обработка на каменот и полирање.

Во текот на претходните денови на Вимблдон, стилот на Јелена станал една од главните теми, а сите желно очекуваат во какво издание таа ќе се појави во наредниот натпревар на Новак.

Модните критичари велат дека иако нејзините модни парчиња изгледаат едноставно, сепак тие чинат вистинско богатство. Само „Dior“ чантата која ја носела Јелена чини 6.500 евра…

Сепак, коментарите на сметка на изгледот на Јелена секогаш одат во иста насока, а тоа е дека е вистинска дама, елегантна и совршена и дека така треба да изгледа негувана и убава жена.

Најнови вести