сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

По 40 дена од смртта на Исидора Бјелица, нејзиниот сопруг ќе открие се’ што таа премолче

По 40 дена од смртта на Исидора Бјелица, нејзиниот сопруг ќе открие се’ што таа премолче

Исидора Бјелица почина на 52 години, а нејзиниот сопруг Небојша Пајчиќ по 40 дена ќе открие се што му лежи на срцето, јавуваат српските медиуми.

-Многумина се прашуваат зошто Исидора последните два месеци ги помина кај своите родители, а не се децата и сопругот. Во тој стан се доселила како бегалка од војната од Сараево и таму сакала да ја заврши својата животна борба. Синот Лав вели дека последните три месеци за неа биле најтешки, но ширела љубов и ги молела децата да бидат храбри. Сето она за што таа не сакаше да зборува, ќе го соопшти нејзиниот сопруг по 40 дена, вели извор за „Свет“.

Исидора и самата во еден момент признава дека била опкружена со неискрени луѓе.

-Требаше да умрам во пролетта 2013 година, да умрев на време не би дознала за многу предавства, ќе ме жалеа од срце сите оние кои тврдеа дека ми се пријатели, а беа многу, навистина многу. Не би ги поминала сите оние тешки терапии и уште потешки предавства, измами и лаги, не би дозволила дури ниту да ме обвинат дека сум ја измислила болеста. Да не се борев како луда, не би доживеала да им пречам на сите оние кои ги сакав и никогаш не би сфатила колку сум проклето сама, ниту би дознала како е тоа кога оние што ве сакаат чекаат да заминете бидејќи повеќе не можат да издржат да гледаат како секој ден има се повеќе болест, а се помалку ве има вас, кажа Исидора во една прилика.

Најнови вести