Иако се раздели од сопругата Марина, Дарко Лазиќ остана во добри односи со неа, а ги дели и должностите околу синот Алексеј со кого често се гледа, иако старателството го доби неговата поранешна.
Малиот наследник моментално престојува кај Лазиќ, кој денеска сподели емотивно видео на својот Инстаграм профил.
Имено, Дарко го научил Алексеј како да вози електричен мотоцикл наменет за децата на негова возраст.
– Душата на тато – напиша накратко Лазиќ во описот на објавеното видео.