сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Актерката од „Прстен“ пронајдена мртва

Актерката од „Прстен“ пронајдена мртва

Четириесетгодишната јапонска актерка Јуко Такеучи беше пронајдена мртва во нејзиниот стан во Токио.

Полицијата започна истрага, а според извештаите во медиумите, оваа наградувана актерка и мајка на две деца, најверојатно извршила самоубиство.

Телото на актерката го пронашол нејзиниот сопруг, исто така актер Таики Накабајаши, а лекарите во болницата ја констатирале нејзината смрт, пренесуваат медиумите.

Такеучи беше позната актерка во Јапонија, а најмногу ја знаат по улогата во познатиот јапонски хорор филм „Ринг“ од 1998 година.

Најнови вести