Актерот Петар Стругар беше опериран во клинички центар, каде што беше примен поради болки во долниот дел на стомакот.
Како што дознава „Блиц“, Петар Стругар бил опериран пред неколку дена, а денеска ја напуштил болницата.
-Стругар бил на кардиологија, а итно му е закажано хируршко отстранување на слепото црево, кое потоа било извршено. Петар во текот на денот ја напуштил болницата, а со него цело време била неговата девојка, колешката Нина Нешковиќ, вели иворот.
-Петар се чувствува добро и е пуштен на домашно лекување. Тој е благодарен на медицинскиот персонал кој итно ја извршил интервенцијата. Се помина во најдобар ред, додава истиот соговорник на „Блиц“.
Сите се надеваат дека Стругар за неколку дена ќе застане на нозе и ќе продолжи таму каде што застана со подготовките за новите претстави на Народниот театар.
Медиумите најмногу пишуваа за него кога беше во врска со славната пејачка Милица Тодоровиќ.