Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ пред неколку месеци се вселија во нов луксузен дом во познатата населба Бежанска коса кој чини пола милион евра.
Парот неколку месеци по вселувањето откри и дека во домот имаат посебна соба за посебни работи и случувања.
Имено оваа тајна соба за српски Телеграф ја откри нивниот кум Ацо Пејовиќ, а откри и што се случува секоја ноќ во таа соба.
-Јас сум секоја ноќ кај Филип на пиво. Ние имаме една просторија во нивниот дом каде сме сокриени од сите. Таму се пие пиво, вино, се прават разни разговори, се подготвуваат песни, се преслушуваат и се шегуваме… супер е таму, вели пејачот за Телеграф.рс.