Александра Пријовиќ се потсети на почетокот на нејзината врска со Филип Живојиновиќ, па откри детали кои не се познати на јавноста.
-Толку бев заљубена, па имав настап во Австрија или Германија, не се сеќавам, па купив карта за Америка да одам да го видам на 4 дена бидејќи не можев без него. А потоа од Америка летав на следниот настап, откри Пријовиќ.
Александра исто така откри дека во една прилика Филип ја „купил“ со еден гест.
-Еднаш кога доаѓаше кај мене ме праша што да купи да пиеме, јас му реков дека пијам само вода и човекот ми донесе пакет со вода, изјави Пријовиќ.
Инаку, Александра и Филип претходната година станаа родители на синот Александар.