сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Ана Севиќ дозна дека нејзиниот поранешен сопруг станал татко по втор пат, па веднаш се огласи- од зборовите ќе останете во неверување

Ана Севиќ дозна дека нејзиниот поранешен сопруг станал татко по втор пат, па веднаш се огласи- од зборовите ќе останете во неверување

Пејачот Дарко Лазиќ вчера стана татко по втор пат и доби син.

Неговата свршеница Марина Гагиќ на свет го донесе нивното прво заедничко дете на кое парот му го даде името Алексеј.

Дарко за српските медиуми изјавил дека породувањето поминало во најдобар ред и дека Марина и бебето се чувствуваат одлично по породувањето по природен пат.

Поранешната сопруга Ана Севиќ исто така се огласи по породувањето на неговата свршеница и рече дека поранешниот сопруг веднаш и се јавил за да и се пофали дека добил син, а таа му честитала од се срце за малиот Алексеј.

-Ми се јави веднаш и секако дека му честитав и му посакав се најубаво. Да им е жив и здрав синот, вели Ана за српските медиуми.

Инаку Дарко и Ана беа во брак од 2014 година, а официјално се разведоа минатиот месец, двајцата ја имаат пет годишната ќерка Лорена, а парот останал во сјаен однос по разводот.

Фановите инаку се изненадени од нивниот одличен однос иако во медиумите се шпекулираше дека тие двајца не сакаат да се погледнат во очи.

Најнови вести