Анабела Атијас поднела тужба за развод, а сега се огласила за прв пат околу тоа.
Таа пред неколку дена доживеала драма во семејниот дом, а нејзината ќерка Луна не знаела ништо околу тоа, бидејќи се наоѓа во едно реално шоу.
-Јас и Луна сме многу блиски, не знам како ќе реагира кога ќе слушне што се случи. Таа е многу емотивна и само јас можам да ја смирам. Се плашам дека ќе се потреси доколку и кажат некои лаги таму, не сакам детето за ништо да ми доживее нервен слом-изјавила Атијас за „Свет”.