Андријана Јаневска во интервју за „Бекстејџ“ за прв пат во јавноста прозборе за смртта на својата мајка. Познатата пејачка рече дека искрено се надева оти времето лечи се и дека болката со текот на времето која што ја чувствува после нејзиното заминување ќе ја снема.
-Велат дека времето лечи се и јас искрено се надевам дека тоа е така. Болката не може да ја снема, но мораш да научиш да живееш со неа. За мене семејството е се’ и многу ми е важно и со помош на моите деца, сопруг се обидувам да го надминам тоа, откри пејачката која после подолга пауза се враќа на музичката сцена и тоа со песна на хрватски јазик.
После повеќе од 20 години сосема случајно добив покана да снимам песна на хрватски јазик, потпишав договор со продукција од таму и веќе е снимено и видеото за првиот сингл. Имаме големи планови, но не можам да откријам се“, кажа пејачката.