среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

„АНТИ-ЧИА КЛАУЗУЛА“: Шакира со насмевка пред судот покажа колку не може да ја поднесе новата девојка на Пике

„АНТИ-ЧИА КЛАУЗУЛА“: Шакира со насмевка пред судот покажа колку не може да ја поднесе новата девојка на Пике

Поранешната двојка Шакира и Жерар Пике се сретнаа на суд минатата недела за да потпишат документи во врска со старателството над нивните синови.

Парот се најде на суд во Барселона за да го потпише она што претходно го договориле на маратонска средба со нивните адвокати. Се шпекулираше дека парот поминале 12 часа, вклучувајќи ја и ноќта, на суд за да се договорат како во иднина ќе ги одгледуваат двете деца Саша и Милан.

Поранешниот пар се избегнуваше во текот на целиот процес, тие влегуваа низ различни врати и ниту еднаш не се сретнаа лице в лице. Колку се нарушени нивните односи говори и фактот што тие се појавија одвоено пред судијата.

Овој пат целиот процес траел околу 15 минути, а потоа сите тргнале на своја страна низ друга врата.

Пензионираниот фудбалер на почетокот на 2023 година ѝ дозволи на својата поранешна партнерка да се пресели во Мајами со нејзините синови, каде што е нејзиното семејство, но колумбиската музичарка му постави еден услов кога децата се со него – неговата љубовница и сегашна девојка, студентката Клара Чиа Марти не смее да биде таму.

„Тоа е апсолутна лага. И двајцата без проблем ќе можат да ги видат своите деца во друштво на нивните идни партнери“, изјави адвокатот на Пике по излегувањето од судницата, но медиумите веќе шпекулираат за „анти-Чиа клаузулата“, и не веруваат тврдењата на адвокатот, бидејќи на крајот на краиштата, тоа е жената која пресуди на нивната 11-годишна врска.

„Нашата единствена цел е да им обезбедиме на нашите деца најголема безбедност и заштита“, рече поранешната двојка во заедничката изјава за Е! News. „Се надеваме дека ќе можат да продолжат со своите животи во безбедна и мирна средина“.

Така, фудбалерот ќе може да поминува 10 дена месечно со своите деца, како и за време на сите празници. Овој Божиќ двојката ќе има старателство 50:50 според календарот на регионалната каталонска влада, а во наредните години тоа ќе го прават според детскиот училишен календар.

Пике повеќе не се крие со студентката која претходно била дел од неговиот ПР тим, а многумина велат дека таа изгледа како помлада копија на Шакира.

Најнови вести